МАНУ ја продлабочува соработката со академиите во Украина и Русија

Македонската академија на науките и уметностите ја интензивира соработката со Националната академија на науките и уметностите на Украина и со Руската академија на науките.

 

 

Како резултат на досегашната соработка на МАНУ со двете научни институции се издадени многу речници.Во тек се преговорите за отворање украински лекторати во Македонија и македонски лекторати во Украина.

Идната година во Македонија ќе се одржи македонско-руски научен собир на кој ќе учествува и директорот на Руската академија на науките. Тема на собирот ќе биде Букурешкиот договор, тема која опфаќа повеќе области од науката. Букурешкиот договор е акт кој тангира повеќе земји, а Македонија беше основата на тој договор.

Националниот Универзитет на Украина има 200-годишно искуство. За жал во нивните библиотеки не постои ниту една македонска книга.
Повеќето земји таму имаат цели соби со нивни книги. Од друга страна нашиот Институт за национална историја изрази подготвеност да испрати изданија во Харков.

Македонска делегација од утре ќе присуствува на Деновите на македонската култура во Украина

You May Also Like