Младински лидерски камп во Крушево

Деновиве во Крушево се одржува Младински лидерски камп. На кампот учествуваат 80 – тина младинци од 14 до 17 години од цела Македонија, кои зборуваат англиски јазик.

mladinski_liderski_kamp_krusevo1

Еднонеделниот камп се одржува во детското одморалиште „Шула Мина“, а ќе трае до 24 јуни. За тоа време младите ќе се стекнуваат со лидерски способности, преку соодветни вежби за разбирање на концептот на граѓанско општество кое се базира на демократските вредности и вклучување и учество наспроти конфликт. Фокусот на теми е од областа на граѓанскиот активизам, демократските вредности, здравјето, свеста за животната средина, креативни медиуми, управување со проекти и сл.

Младинскиот Лидерски Камп е една од врвните програми дизајнирани за поттик и развој на младите луѓе како идни лидери. Целта на овој проект е градење на средина во која младите од различна етничка и верска припадност, неоптоварени од разни проблеми ќе можат заеднички да ги развиваат основните вредности и учат нови способности за: градење на нивниот демократски капацитет, поттикнување на младински активизам, како и способности за личен и професионален развој преку учење на практични вештини кои ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, со што би допринеле до градење на идната генерација на млади лидери во Македонија.

Кампот е организиран од Младинската Асоцијација ИМКА од Битола, во соработка со Мировниот Корпус на Македонија и се организира од 2006 година.

mladinski_liderski_kamp_krusevo2

mladinski_liderski_kamp_krusevno3

You May Also Like