Изложба на мозаици „Збирка 2012“ ќе биде отворена вечерва (петок, 21 декември) со почеток во 19:00 часот во галеријата на НУ Центар за култура „ Марко Цепенков“ – Прилеп.
На изложбата со мозаици ќе се претстават Александра Богоеска, Мирослав Лазовиќ и Петар Вујошевиќ. Мозаиците се збирка на дела со различни мотиви, теми од секојдневието, цветни мотиви и симболика на природата. Техниката на изработката е индирекна и директна.
За авторите:
Александра Богоеска е родена 1985година во Прилеп. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано повеќе самостојни изложби, учествувала на групни изложби, колонии, организатор на камена колонија.
Мирослав Лазовиќ работи како професор на факултетот за применети уметности во Белград од 1993г. Дипломирал на факултетот за применети уметности во Белград отсек ѕидно сликарство. Магистрира на Факултетот за применети уметности 1996. има реализирано 9 самостојни изложби. Исто така има учествувано на многубројни групни изложби и колонии. Има повеке од 70 изведени композиции на јавни места. Мозаикот се вика “Мајка природа”.
Петар Вујошевиќ – магистрира на Факултетот за ликовни уметности отсек ѕидно сликарство. Член е и еден од основачите на групата “Аметист”која организира многубројни изложби за мозаици. Мозаик “Јужен крст”.