Град Скопје, годинава по девети пат е покровител на Манифестацијата „Баскерфест 2014“. Деветтото издание на уличниот театар, под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата република.
Вечер, 6 јуни 2014 година (петок), во 21 часот, со настапот на Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад (Р. Србија), на Плоштадот Македонија на платото кај скалите кај Камени мост, и официјално ќе почне десетдневниот Фестивал на улична уметност под отворено небо „Баскерфест 2014“.
– Прв град кој ќе беше домаќин на Баскер караванот кој брои има над 150 улични артисти, музичари и театри, беше Гевгелија. Скопје ќе биде домаќин од 06 до 15 јуни, со свечено отворање во 21 ч, а Фестивалот за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто е покровител на фестивалот. Покрај плоштадот „Македонија“ на кој ќе има три бини(стејџа), од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка, „World Music“стејџ. Преостанатата програма ќе се одвива на уште две дополнителни локации – „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот позади Градски парк). Целата турнеја ќе трае до 30. јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Покрај овие градови, Македонците ќе уживаат во уличните претстави и во Кочани ( 30-31 мај), Велес (6-7 јуни), Свети Николе ( 7 јуни), Облешево/ Чешиново( 10 јуни), Кавадарци ( 13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп ( 20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово ( 21 јуни), Крушево ( 22 јуни), Дојран ( 27-30 јуни), Ресен ( 28 јуни), Охрид( 28-29 јуни), Делчево ( 29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни), истакнаа на денешната прес-конференција организаторите на „Баскерфест 2014“.
Баскерфест е интернационален, мултикултурен, уличен фестивал во кој учество ќе земат и ќе не забавуваат над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија преку Нигерија, па се до Канада преку Нигерија
-Оваа манифестација веќе прерасна во традиција, а истовремено со неа Скопје добива една инвентивна, енергична и долготрајна забава која му дава посебна возбуда и шарм на нашиот град. Посетеноста за време на настанот е се поголема, како од наши така и од странски посетители, особено оние што се во најблиското соседство. Целта на оваа Манифестација е да се направи еден сплет на културни, забавни и уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи, а воедно и ги повика граѓаните од сите возрасти да го посестат и да се забавуваат на годинешниов Баскерфест, рече Слободан Ќосев, раководител на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје.
Град Скопје за одржување на фестивалот, и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари.
