Изложба на Ладислав Цветковски во Софија

На 6 октомври (понеделник) во 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата на проф.Ладислав Цветковски со наслов “Дигитални отпечатоци” …

Izlozba Ladislav Cvetkovski

Изложбата во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров, а публиката ќе може да ја види во периодот од 6-16 октомври. Ова е прво претставување на дела на проф.Цветковски во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Ладислав Цветковски работи како ликовен уметник, графички дизајнер и како универ­зи­тетски професор. Во текот на целото работно искуство интензивно работи и ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми во уметноста,а во последно време се фокусира на изразните можности на дигиталната технологија во визуелните уметности. Како резултат на тоа истражување се произлезени магистарскиот труд и изложбите во периодот меѓу 2002-2014 година.

Во изминатиот период дизајнирал значајни монографски изданија, како и различни проекти за институциите од областа на културата и уметноста, Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, меѓународни институции и повеќе издавачки куќи. За Монографијата Икони од Музејот на Македонија, ја добива наградата за најдобро дизајнирана публикација во 2004 година. Член на ДЛУМ од 1990 година.

You May Also Like