Поликсена Илиоска е добитник на државната награда „Мајка Тереза“

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, донесе одлука државната награда „Мајка Тереза” во 2014 за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност да и се додели Поликсена Илиоска.

majka tereza

Државната награда „Мајка Тереза” се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата на Поликсена Илиоска ќе биде и’ биде врачена на 26.8.2014 година во 14 часот (вторник) во Собранието на Република Македонија .

You May Also Like