Изминатиот период „Скопјеинфо“ спроведе анкета за избор на најдобриот градоначалник за 2012 година, преку која читателите гласаа за градоначалникот кој работеше најнапорно и беше најпосветен за своите граѓани изминатата година. Во склоп на анкетата беа опфатените градоначалниците на сите општини во Скопје, но и оние кои гравитираат во близината на главниот град.
На анкетата гласаа повеќе од 20 илјади посетители на веб порталот, кој заедно ги избраа најуспешните градоначалници. Како сублимат на оваа анкета Скопјеинфо денес организираше свечен настан на кој беа доделени плакетите за тројцата најуспешни градоначалници.
Резултатите беа објавени на самиот настан, според бројот на гласови на анкетата ова се најдобрите градоначалници во Скопје:
Аеродром – Ивица Коневски – 5150 гласови
Карпош – Стевчо Јакимовски – 4849 гласови
Центар – Владимир Тодоровиќ – 4429 гласови
Следни на анкетата според бројот на гласови се: Градоначалникот на Кисела Вода – Марјан Ѓорчев и Градоначалникот на Зелениково -Веле Груевски. Последен на анкетата според бројот на гласови беше градоначалникот на Сарај – Беким Мурати.
На настанот присустуваа наградените градоначалници, преставници на локалната и централната власт.
Ана Николова, претставник од „Скопјеинфо“, информира дека анкетата имала за цел да се наградат и мотивираат посветените и да им се даде мотив повеќе на останатите градончалници да се докажуваат оваа година.
Градоначалникот Коневски истакна дека за признанието кое го добива заслужен е и тимот кој работи со него во општина Аеродром. Тие, како што рече, работеа посветено и секојдневно. Според него, ангажманот на општинската администрација и реализираните проекти се резултат на тимската работа.
– И понатаму ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и да реализираме многу проекти, рече Коневски.
Второпласираниот Јакимовски рече дека граѓаните ја препознаваат успешната работа и залагањето на градоначалниците. Смета дека општините Карпош и Аеродром се борат за прво место во Град Скопје, а дадените гласови, како што рече, се соодветни на расположението на граѓаните на Скопје.