Синоќа се одржа првата фестивалска вечер на вториот Еко Грин Викенд во Маврово.
На истата настапија План Г, Ареа и Бајага заедно со своите Инструктори. Фестивалот вчера го затвори ДЈ Зомакс.
Утрово во Маврово започна и детското катче со Се За Роденден, каде што најмладите се дружат и играат едукативни игри. Штотуку започна и презентацијата на опрема за нуркање, лов и риболов…
Вечерва на сцената мавровската публика ќе ја забавуваат ДЈ Гоце Саф, Бед Копи и Грамофонџии.
Маврово ги очекува оние кои ја пропуштија вчерашната авантура од планината, да се приклучат на забавата и да бидат дел од втората фестивалска ноќ.