Во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбен салон – Империјал 2, четврток, 22 мај 2014 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики од Владимир Илиевски.
На изложбата ќе бидат изложени 30 дела , масло на платно, создадени 2014 год.
Изложбата ќе биде отворена до 5 јуни 2014 год.
Владимир Илиевски е роден 1989 год. во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје 2012 год. Реализирал 6 самостојни изложби (5 во Р. Македонија, 1 во Бугарија ) и учествувал на повеќе групни изложби (Р. Македонијас, Хрватска и Грција). Добитник е на 3 национални и 1 меѓународна награда.