Во Изложбениот простор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре (21 февруари, четврток) во 19:00 часот Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци ќе ја претстави својата годишна изложба.
По успешната Годишна изложба 2012 на ДЛУК (која се одржа од 28 декември до 20 јануари во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци и на која учествуваа 26 членови на ДЛУК со зададена техника Комбиниран цртеж, во соработка со Центарот за култура “Трајко Прокопиев” од Куманово и кавадаречкиот Дом на култура, истата ке можат да ја погледнат и љубителите на ликовната уметност од Куманово.