Изложба на дела од ликовната колонија „Скопје 2014“

Изложба на дела од 9-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2014“, вечерва во МГС …

muzej-na-grad-skopje

Музејот на Град Скопје и Град Скопје вечер организираат изложба на делата создадени на деветтата Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2014“, која се одржува од 20-ти до 30 август во хотелот „Солун“ во центарот на главниот град.

На завршната вечер на колонијата ќе бидат претставени делата кои годинашните учесници ги создале во изминатите десет дена, инспирирани од културно-историските знаменитости на Скопје.

Оваа година ликовни дела на колонијата оставија академски ликовни уметници, припадници на различни генерации, кои живеат и творат во различни средини: Татјана Манева, Валбона Атанасковска, Дејан Иванов, Гоце Илиевски и Коста Клифов од Македонија, како и Роман Кисјов од Бугарија, Зоран Илиќ од Србија, Ѓулај Инче од Турција, Клаудија Шефлер од Германија и Александар Вукотиќ од Црна Гора.

You May Also Like