Изложба на дела од колонијата „Македонска икона 2012“

Вечер (петок, 4 јануари, 2012) во 19:00 во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложбата на слики и икони од меѓународната ликовна колонија „Македонска икона 2012“.

 

Ќе бидат претставени дела од реномирани автори од земјава, Србија и од Бугарија.
Во поставката се застапени по неколку дела од нашите уметници Васко Ташковски, Трајан Трајковски, Александар Стефановски и Мики Трендафиловски, Радојка Самарџија, Билјана Новковиќ и Весна Антониќ од Србија и Михаела Гаџева и Марија Евтимова од Бугарија. Изложбата во Kуманово ќе биде отворена до 24 јануари, а потоа ќе биде претставена и во уште неколку градови во Македонија.

You May Also Like