Синоќа (петок, 7 септември, 2012) во галеријата на Ценатарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложба со дела од 5-та ликовна колонија „Дрен“ одржана во јули оваа година.
Во галеријата се изложени 50 дела – пејсажи, апстрактни слики и скулптури создадени од годинашните учесници на колонијата „Дрен“.
Во другата галерија на Центарот, по повод 5-годишнината од одржувањето на Колонијата, како и по повод 8 спетември – Денот на независноста на Македонија поставена е ретроспективана изложба од претходните изданија на колонијата.
Со оваа изложба Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја заокружува манифестацијата „Цело лето-културно лето“ во чии рамки организираше дваесетина културни настани.