Изложба на дела од колонијата Пешна во Прилеп

Денеска (петок, 28 февруари 2014) од 19:00 часот во ликовната гелерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на графики од Графичката ликовна колонија од Македонски брод. На изложбата ќе бидат изложени 30 графики.

kolonija_pesna

На изложбата ќе се претстават учесниците на минатогодишната колонија – Лина Тренкоска, Верче Николоска(Прилеп), Александар Тасески(Прилеп), Славко Тренкоски, Ридван Алити, Мариа Минева, Елена Мирчева, Силвана Спасиќ, Јасна Дамњановиќ, Богдан Ѓориќ, Срџан Симиќ.

Ликовната графичка колонија од Пешна – Македонски Брод се одржува од 1996 година, со цел афирмација на дрворезот, графиката и уметниците. Досега имаат учествувано уметници од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Канада и Америка, а изработени се над 400 графики.

You May Also Like