Никола Маџиров ќе биде селектор на „Поезифестивал Берлин“

Никола Маџиров ќе биде куратор и селектор на еден од најзначајните светски поетски фестивали „Поезифестивал Берлин“, кој се одржува од 7-ми до 15-ти јуни во Берлин.

Она што е Берлинскиот филмски фестивал за Германија и Европа во областа на филмот, тоа е „Поезифестивал Берлин“ за поезијата. Овој фестивал веќе 12 години ги привлекува најголемите светски автори како Лори Андерсон, Лоренс Ферлингети, Ив Бонфоа, Били Колинс или нобеловците Херта Милер и Дерек Волкот.

Вечерите се одржуваат во Германската академија на уметностите во Берлин, а фестивалот е посетен од над илјада гости секоја година.

 

извор – Strumicanet

You May Also Like