Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде отворена изложбата на Атанас Ботев „Луцидно синестетички дијалог“ …
Во циклусот на слики насловен „Луцидно синестетички дијалог“ се присутни засегнатоста со општествените проблеми на глобален и локален план, како и критичкото преиспитување на општествените вредности. Оваа изложба претходно беше поставена во галеријата Око во Скопје.
Ботев е роден во Скопје, во 1973 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997 година. Магистрирал на истиот факултет во 1999 година. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.
Досега има остварено седум самостојни изложби, а учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.