Градот Скопје е организатор на големото дефиле на велосипеди што ќе се вози по градските улици, по повод Денот без автомобили, а кое е закажано за денеска (22 септември 2014 година, понеделник) во 11:30 часот од пред Порта Македонија.
Велосипедистите ќе се движат по следната рута:
– Порта Македонија
– улица Димитрие Чуповски
– булевар ВМРО
– булевар Партизански одреди
– улица Никола Парапунов
– булевар Илинден
–Школка, Градски парк
Рутата е долга 8,2 километри.
На просторот пред Школката се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети, безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди.
Дефилето на велосипеди ќе го предводи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.