Изложба на Андријана Мациев во Прилеп

Денеска (петок, 10 мај) од 20:00 часот во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложба на графики од академскиот уметник Андријана Мациев. Таа на првата самостојна изложба во Прилеп ќе се претстави со над 20 дела.

Андријана Мациев е дипломиран графичар ( во тек Постдипломски студии на Факултет за ликовни уметности-Скопје). Од  2009 е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ),  а во периодот од 2009-2010 работела како демонстратор на одделот графика на ФЛУ.

 

Добитник е на повеќе награди и преизнанија, реализирала повеќе самостојни и групни изложби.

You May Also Like