Нова изложба во Кафе Ли,изложува Андријана Мациев.Почеток на изложбата е вечерва (петок, 24.02.2012 година) во 20:30 часот.
Андријана Мaциев дипломиран графичар, магистарскиот труд е во завршна фаза.Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Има учествувано на голем број изложби во Македонија и пошироко (Белград, Истанбул, Варна, Тузла), учествувала исто така на многубројни колонии, проекти, работилници. Оваа и е петта самостојна изложба.