Оперетата „Војводката на чардашот“ од Имре Калман вчерва во МОБ

Вчеравечер на петнаесетото издание на Златна бубамара на популарноста, „Војвотката на чардашот“ доби награда за најдобра опера на годината. По тој повод на големата сцена на МОБ вечерва (петок, 24.02.2012 година) со почеток во 20:00 часот ќе имате можност да ја погледнете оперетата „Војвотката на чардашот“.

Главните улоги ќе ги изведат: Благица Поп Томова (во улога на Силва Вареску), Ѓорѓи Цуцковски (во улога на Едвин), Катерина Стојановска (во улога на Контеса Штази),Дејан Стоев (во улога на гроф Бони Канчиану) и Ернес Ибраимовски (во улога на Фери Фон Керекеш), Теофил Николовски (во улогата на Леополд Мариа), Лидија Нацоска (во улогата на Анхилте), Драган Ампов (во улогата на Ојген Ронздорф), Игор Пармаковски (во улогата на Микса келнер), Зоран Даскаловски (во улогата на Киш, нотар), Лиле Миленковска (во улогата на Јулишка), Златко мадевски, Климент Тодороски, Митко Иванов, Ристо Трајановски (циганска група).

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Елена Лука
Кореограф: Саша Евтимова

Настапува хорот, оркестарот и балетот на МОБ.


Во музиката на Имре Калман, особено во ова дело, доминираат ромските фолклорни елементи. Заради зачинетиот музички израз со ромските фолклорни елементи, унгарците неговата музика ја нарекувале „музика со пиперче“.

Светската премиера оваа оперета ја имала во Виена во Johann Strauss Theater на 17 Ноември 1915 година. „Војводката на чардашот“ е широко посакувана оперета во Унгарија, Австрија, Германија и низ цела Европа и е убедливо најуспешното дело нa Калман.

___________________________________________________

Војвотката на чардашот

Средно-европската аристократија се распаѓа непосредно пред започнувањето на Првата светска војна.

Прв чин
Силва Вареску самоуверена и професионално успешна кабаре изведувачка од Будимпешта сака да започне турнеја низ Америка. Двајца од нејзините аристократски “сценски пријатели“ по име Едвин и Фери повеќе би сакале таа да не оди. Едвин, несвесен дека неговите родители веќе му договориле брак дома во Виена, издава наредба да се подготви писмено ветување за неговиот очекуван брак со Силва, во рок од осум недели. Кратко по заминувањето на Едвин на отслужувањето на мирновременскиот воен рок, Силва дознава за бракот кој треба да се склучи помеѓу Едвин и грофицата Штази . Силва разочарана тргнува на нејзината турнеја низ Америка.

Втор чин
Поставен е токму во времето кога истекува рокот на ветувањето. Силва ја посетува палатата на Едвин во Виена, преправајќи се дека е мажена за Бони како влез во семејство на мажените. Едвин само што не се свршил со Штази, добра пријателка од детството. Бони се вљубува во Штази, а Едвин жали што порано не го одржал своето ветување кон Силва.Во меѓувреме гостите се изненадени од сличноста на жената на Бони, со познатата пејачка Силва Вареску и почнуваат да шират гласини како таа се свршила со принц кој ја нарекол “Војвотката на чардашот “. Меѓутоа, Едвин прави погрешен чекор со тоа што ја информира Силва дека неговите родители ќе ја прифатат, само доколку таа се преправа дека е разведена од Бони и преку овој брак влегла во семејството на мажените. Силва сфаќа дека е подобра од нив и дека ќе има посветла иднина без нив. Таа намерно го посрамотува Едвин татко му, оставајќи ги изненадени пред нивните пријатели.

Трет чин
Започнува на улицата , надвор од палатата на Едвин. Фери придружува кабаре трупата од Будимпешта, која нашла нова работа во Виена. Како што се појавуваат , Фери ја препознава Едвиновата мајка како пензионирана кабаре пејачка од Будимпешта, која своевремено глумела во претстава пред Силва. Леополд, таткото на Едвин го дознава овој факт дека сиве години бил женет за пејачка и конечно ја прифаќа Силва како своја снаа.

You May Also Like