Оваа недела на кино програмата на Cineplexx ќе се најдат уште неколку нови светски остварувања. Почнувајќи од денеска (четврток, 13 декември) кино програмата e збогатена со уште 3 нови филмови.
Филмот со Адам Сендлер, познат како „Татин син“, во која актерот ја толкува улогата на татко кој е присилен да се носи со последиците од неговите лоши родителски навики ќе ги насмее љубителите на добри комедии.
На програмата е поставено и четвртото продолжение на хорор серијалот „Паранормална активност“, филм кој не престанува да ги воодушевува фановите на хорор жанрот ширум свет.
И секако долго очекуваниот „Животот на Пи“, ооследното остваруваое на режисерот Анг Ли. Оценет како визуелна перфекција, филмот ги воодушевува светските критичари и е еден од фаворитите за годинашниот Оскар.