“Деца на сонцето” со премиера во Лондон

По македонската премиера на долгометражниот игран филм „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, во рамките на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ филмот патува за Лондон …

Deca na sonceto premiera na Manaki

На 25-ти септември, “Деца на сонцето” ќе ја доживее својата светска премиера со гала прикажување на големиот 22 по ред Интернационален филмски фестивал „Реинденс“. Филмот ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот.

Исто така вечерта на 26ти ќе има забава, која фестивалот ја организира специјално за филмот на која ќе присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Велика Британија, Јован Донев.

Фестивалот се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври. Македонскиот филм ќе биде прикажан во 18.20 часот на 25 септември, а ќе има и втора проекција веќе следниот ден во 16 часот. Фестивалот се одржува во срцето на Лондон на Пикадили.

„Реинденс“ во текот на 22 години се претвори во вистински бренд како еден од најголемите и најзначајни фестивали на независен филм, своевиден пандан на американскиот „Санденс“, со кого е во тесна соработка. Но, она што е интересно кога станува збор за овој фестивал, е што тој не само што е значаен за Европа, како што е „Санденс“ за Америка, туку фестивали „Реинденс“ има во уште десет градови на овие два континента, и тоа: Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта. А целта на фестивалот, за кој „Варајети“ вели дека не смее да се пропушти, е негувањето, поддршката и промоцијата на независниот филм и на новите и алтернативни филмски автори.

You May Also Like