АРТЕ Галерија во рамките на „Бела ноќ“ на 4 октомври ја организира групната изложба на наши еминентни сликари на тема „Боите на Македонија“ инспирирани од боите на Македонските пејзажи, традиционални мотиви и поднебје.
На изложбата ќе земаат учество наши Македонски реномирани ликовни уметници и тоа: Рубенс Корубин, Стефан Хаџи-Николов, Данчо Кал’чев, Доне Милјановски, Ванчо Јаков, Станко Ѓоргиев, Горјан Ѓорѓиев, Емилија Божиновска, Ристе Тентов и Анета Ивановска- Симјановска. Со организација на изложбата „Боите на Македонија“ се надеваме дека ќе побудиме внимание кај пошироката публика да не посети и ужива во делата.