Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, годинава има повеќе причини за задоволство и прославување. Неодамна тој го објави својот 32 албум „Сеир”, а оваа 2014 се одбележуваат и 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
Во рамки на прославата на јубилејот 40 години од почетокот на неговата музичка кариера, Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Белград на 10.10.2014 година во Сава Центар.
Воедно ова ќе преставува и концертна промоција на неговиот нов албум „СЕИР”.
Гости на концертот ќе бидат: Камерниот Гудачки Оркестар на Словенечката Филхармонија, виолинистот Лајко Феликс, групата Фрајле.
