Се подготвува новиот Startup Weekend во Скопје

Од 19-21 септември 2014 година во просториите на New Man`s Business Accelerator ќе се одржи овогодишното издание на Startup Weekend Skopje.

 

startup_weekend_skopje_2014

На тридневниот настан, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни идеи, да креираат тим и да добијат интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во Македонија и странство.

Учесниците ќе добијат уникатна можност да бидат обучувани од страна на најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и специјалисти од сферата на бизнисот, за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи, како брзо и ефикасно да ги презентираат своите идеи пред инвеститори и клиенти, но и како од една обична идеја, да направат успешен бизнис.

Еве што според организаторите добиваат старатапите:

– Претставете ја вашата идеја пред експертите од сферата на преприемништвото во Македонија и странство
– Создадете тим од специјалисти кои ќе ви помогнат да ја претворите вашата идеја во успешен бизнис
– Научете како најдобро да го презентирате вашиот проект, како да изградите МВП (Minimum Viable Product), кои се најважните работи кои треба да ги практикувате со цел да им бидете интересни за потенцијалните инвеститори
– Претставете ја вашата идеја или проект пред најдобрите стартап инвеститори во Македонија и на Балканот
– Обезбедете финансии за развивање на вашиот стартап бизнис.

Што добиваат компаниите поддржувачи:
– Слушнете ги најдобрите старт-ап тимови, нивните идеи и иновации
– Пронајдете го стартап-от кој може да го имплементира новото иновативно решение во вашата компанија
– Бидете во чекор со светските трендови и компании и потикнете го претприемачкиот дух и иновирањето надвор од вашата компанија

Статистика:
● 42,8% од претпријатијата во Македонија спровеле некој тип на иновации во својата работа во периодот од 2010 до 2012 година;
● 24.7% од претпријатијата имаат воведено иновација на производ и процес;
● 46.4% имаат воведено организациски и маркетинг иновации;
● 18.2% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.
– Запознајте се со најдобрите експерти од Македонија и странство кои можат да ви помогнат во развојот на вашиот бизнис
– Бидите во листата на првите македонски компании кои ќе се вклучат во активното развивање на претприемачкиот еко-систем во Македонија

Регистрацијата за учесници е веќе отворена на следниов линк
http://sw.mk/tickets , со цена од 1.860 ден.

Поддржувачи на настанот се:
– Embassy of the United States Skopje
– United States Mission to UNESCO
– NewMan’s Business Accelerator
– MkHost
– Polyesterday
– Nestle
– Vitalia Health Food
– Зам. министерката за информатичко општество и администрација Марта Т. Арсовска
– Министерот за странски инвестиции Веле Самак
– Maxim Gurvits – Angel Investor – Холандија
– Eleven Accelerator – Бугарија
– G6 – Македонија
– МкХост – Македонија
– Tesseract Interactive – Македонија
– LaunchHub Accelerator – Бугарија
– StartIT Smart Pre Accelerator – Бугарија

You May Also Like