Избор за најоргинална фотографија на млади автори

Проект – платформата за развој на креативните индустрии „Скопје Креактива“ 2013 и Универзална сала – Скопје, во соработка со регионалната платформа за активизам „Лице в лице“ објавува јавен повик за Избор на најоригинална фотографија на млади автори.

 

 

Услови за аплицирање:

-На јавниот повик има право да учествуваат лица не постари од 25 години
-Испратените фотографии треба да бидат инспирирани од  маргинализирани групи и поединци, од еколошки проблеми и последици и од активистички акции и пораки
-Секој учесник може да конкурира со најмногу две фотографии
-Учесникот треба да ги достави фотографиите во печатена форма со димензии 30 x 40 cm.
-Конкурсот важи до 29 април, 2013 година

Општи начела:

Избраните фотографии на младите автори, ќе бидат оценувани од стручна жири комисија составена од експерти од оваа област и истите може да се достават на адреса:
ЗА „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“
бул. „Партизански одреди“ б.б. 1000 Скопје,
најдоцна до 25 април, 2013 година.

Најдобрите фотогорафии ќе бидат презентирани на изложба во галерискиот простор на „Безистен“ (Стара скопска чаршија) – „Галерија 8“.
Најдобрите фотографии ќе бидат претставени во активистичкото улично списание „Лице в лице“ и ќе бидат наградени од „Никон“.

You May Also Like