Ивана Коцевска: Преку танцот се губиме себеси за повторно да се пронајдеме

Денеска (29 април) е Меѓународниот ден на танцот. Автор на светската порака е францускиот кореограф Мурад Мерзуки, а на македонската балерината Ивана Коцевска.

Sheherezada_Ivana Kocevska ivana-kocevska

Во својата порака Коцевска вели: „Танцот е моќно изразно средство, танцот е универзален јазик. Преку танцот изразуваме радост, тага, среќа, болка, љубов … Танцот говори за нашите стравови, сознанија, будења … За мене танцот е говорот на душата. Кога танцуваме душата се ослободува, кога танцуваме нема лага, нема криење. Преку танцот постепено паѓаат сите цигли на нашите зидови. Се отвара нов свет, танцот му дава на животот поинаква димензија. Танцот за мене е медитација која ослободува и не поврзува со изворот. Можеби танцот не е живот, но сепак е нешто што не` одржува во живот. Со танцот го славиме животот. Танцот е постојано движење, танцот е протек на енергија која се пренесува од еден на друг, танцот не` поврзува, не` зближува. Преку танцот се губиме себеси за повторно да се пронајдеме„ – вели Ивана Коцевска – балерина при Македонската опера и балет.

You May Also Like