Скопје низ детските очи на „Бубамарите“

Децата од  Градинката „Буба Мара“ од Општина Аеродром во рамки на проектот „Градот низ детските очи“ го посетија Музејот на Град Скопје и плоштадот Македонија во придружба на воспитувачи, родители и водич од Музејот на Град Скопје.

buba_mara_poseta_skopje

 

Децата ги разгледаа знаменитостите на Скопје, а потоа имаа можност своите знаења и впечатоци да ги пренесат преку цртежи. Понесени од впечатоците децата заедно со водичот се упатија кон плоштадот Македонија каде приказната за Скопје продолжи.
Оваа посета е дел од проектот што се реализира со сите големи групи во ЈУДГ „Буба Мара“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

You May Also Like