Организатор на ЗУМ Унгарија е Љубљанскиот меѓународниот фестивал за краток филм, со поддршка на Институтот Балаши од Будимпешта и Лекторатот по унгарски јазик, Скопје.
На 9 ноември 2014 (недела) во Менада ќе се одржи ЗУМ Унгарија – вечер на унгарски кратки филмови (фикција, експериментални, анимација, документарни) од млади унгарски режисери.
Организатор на ЗУМ Унгарија е Љубљанскиот меѓународниот фестивал за краток филм, со поддршка на Институтот Балаши од Будимпешта и Лекторатот по унгарски јазик, Скопје. Организаторот би сакал да ја искаже и својата голема благодарност до Златко Панзов и Бисера Анастасова, соработници од Македонија.
Филмскиот настан ЗУМ е меѓународна филмска иницијатива во Скопје во чиј фокус се современите продукции на кратки и документарни филмови и има за цел поблиску да ја запознае македонската публика со ваквиот вид продукции.