Денеска е Денот на мрмотот

Секој 2-ри февруари во американската држава Пенсилванија се одбележува Денот на мрмотот (Groundhog Day), кога на свечена церемонија локалните власти го прашуваат најпознатиот мрмот Панксатоуни Фил, колку ќе трае зимата.

Punxsutawney Phil Emerges For Groundhog Day

Според традицијата, доколку денеска Фил ја здогледа својата сенка откако ќе се разбуди од спиење, може да се очекува пролетно време дури на половината од март, ако не ја види, тогаш пристигнува пролетта.

Секоја година, илјадници туристи го „опседнуваат“ настанот, само за да учествуваат во посебната празнична програма.

За жал, статистиката не одговара на предвидувањата на мрмотот. Досега Фил точно го предвидел времето во само 37 отсто од случаите, иако организаторите на Денот на мрмотот тврдат дека станува збор за 75 до 90 отсто прецизност.

You May Also Like