Вечер со хорот „Свети Климент Охридски“ на Охридско лето

Вечер (среда, 8 авгус, 2012 година) во 21:00 часот во црквата Света Софија, хорот „Свети Климен Охридски“, под диригентската палка на Панче Јосифов ќе изведе духовна музика од: Македонски, Лвов, Рахмањинов, Ортаков, Шумилов, Архангелски, Зографски, Христов, Свиридов.

Камерниот мешан хор „Св.Климент Охридски“ е формиран во 1992 година за потребите на Македонската православна црква, односно за сослужение на неделните и празничните литургии во црковниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, како и за разни пригодни свечености во рамките на МПЦ. Хорот е составен од професионални пејачи, вокални педагози и хорски уметници. Негов уметнички директор и диригент е Панче Јосифов.

Хорот досега неколкупати настапувал на „Охридско лето“, одржал бројни концерти во Македонија, Полска, Бугарија, Италија и други земји. Учествувал на повеќе меѓународни фестивали на православна духовна музика каде се стекнал со награди и признанија.

You May Also Like