Здружението „Борка“ во посета на Торокалната клиника

По повод Денот на жената 8 март, претставници и волонтери од Здружението БОРКА, на 10 март(понеделник) во 10:00 часот ќе ја посетат Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хириргија во Скопје, со пригодни подароци за жените кои се третирани на клиниката.

borka_logo

Подароците за пациентките се донирани од АВОН КОЗМЕТИКС-компанија која е активна во борбата против рак на дојка на глобално ниво.

Во рамките на посетата свои кратки обраќања ќе имаат Биба Додева, претседател на Здружението „БОРКА- за секој нов ден„  и проф.др.Зоран Спировски, тораковаскуларен хирург и директор на Клиниката.

You May Also Like