Филмот за Цезар Чавез од 31 јули и во македонските кина

Домашната публиката ќе има можност од 31 јули во кината да ја погледне биографската филмска приказна за борецот за човекови права Цезар Чавез. Во новото остварување на режисерот Диего Луна „Цезар Чавез“ главните улоги ги толкуваат Мајкл Пен, Росарио Досон и Џон Малкович.

film_cezar_chavez

Филмот ги следи напорите на Цезар Чавез да организира 50000 земјоделски работници во Калифорнија од кои многумина биле „braceros“ – привремени работници од Мексико, на кои им е дозволено да живеат и работат во САД само додека трае земјоделската сезона. Условите во кои работеле биле многу лоши, поднесувале расистички навреди и брутални испади на претпоставените и локалното население на Калифорнија.

За да им помогне на работниците Цезар Чавез (Мајл Пен), основа работнички синдикат „Обединети земјоделски работници“ (UFW). Како страстен човек без воинствени идеи, Чавез покренува ненасилна борба против предрасудите со идеја да им го врати достоинството на луѓето.

На неговите настојувања често, некогаш и насилно, им се спротивставувале, сопствениците на големите фарми на кои работеле привремените работници. Филмот прикажува и неколку поголеми ненасилни кампањи на синдикатот „Обединети земјоделски работници“, по кои Чавез достигнал планетарна популарност.

Инспирирал милиони Американци од различни општествени сфери да се борат за социјална правда, па и оние кои никогаш не работеле на фарма. Неговиот триумфален пат исклучително сведочи за моќта која еден поединец може да ја има и со која може да го промени светот.

Остварувањето „Цезар Чавез“ на режисерот Диего Луна, премиерно беше прикажано на 64. Берлинале.

You May Also Like