Градската плажа „Парк“ од денеска во ново руво

Градската Плажа „Парк“ која се наоѓа на кејот на Вардар веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје, од денеска (среда 04 јуни) ќе започне да работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед.

 

gradska_plaza_park_novo_ruvo

 

„Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програма“- велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“.

Денска и ноќна шема, достапни цени за сечиј џеб како и музика од сите жанрови е она што плажата ќе им го понуди на граѓаните. Опуштен понеделник со реге музика, баскет во среда или пак хаус журка во сабота, изборот останува на посетителите.
Свеченото отварање е на 04 јуни со почеток во 20:00, влезот е бесплатен, а за посетителите да бидат разиграни ќе се погрижат голем број бендови и диџеи од Македонија кои ќе не забавуваат до доцна во ноќта. За забавата да биде уште поинтересна ќе се погрижат и уличните артисти, учесници на БАСКЕРФЕСТ 2014 кои ќе го најават и почетокот на БАСКЕРФЕСТ во Скопје, кој е закажан за 6 јуни, а ќе трае се до 14 јуни.

Од менаџерскиот тим на плажата велат дека планирано е еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.
Првиот од низата настани е GALACTIC SKOPJE FESTIVAL во соработка со БАСКЕРФЕСТ. Фестивалот ќе се одржи на 14 јуни, а ќе трае се до раните утрински часови со настапи на Egorythmia, Kox и DJANTRIX- GALACTIC EXPLORERS.

gradska_plaza_park_novo_ruvo2

You May Also Like