Денес, (10.11.2011 година, четврток) во Спортската сала во Средното училиште на Град Скопје „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, со почеток во 17:30 часот, со натпреварот меѓу екипите на ЈП„Градски паркинг“ и ЗГЈП „Јавен глас“, ќе почне дводневниот турнир во мал фудбал на Јавните претпријатија на Град Скопје.
Системот на натпревари ќе биде на принцип на елиминации, а финалните натпревари ќе се одиграат на 11.11.2011 година (петок), со почеток од 17:30 часот. Овој турнир е во организација на Град Скопје, а се одржува традиционално по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.
Вечерва, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“- Скопје, со почеток во 18:00 часот, свечено ќе биде отворен 41 Меѓународен традиционален боксерски турнир „Златен гонг Скопје 2011“. Полуфиналните борби се закажани за 11.11.2011 година (петок), а финалните борби ќе се одржат на 12-ти ноември (сабота) од 13:00 до 17:00 часот, кога ќе биде доделена и наградата „Златен гонг“.
Годинава се очекува на овој традиционален боксерски турнир да учествуваат 200 боксери од 14 држави од Светот.