Дејвид Моралес ќе го затвори Бит Фест 2012

Познатиот светски ди-џеј Дејвид Моралес вечер (понеделник, 27 август,2012) со својот настап ќе го означи крајот на најдолгото културно лето во земјава Бит Фест.

Гостувањето на Дејвид Моралес на БИТ ФЕСТ веќе е објавено на неговата веб страна.

Гостувањето на Моралес ќе биде придружено и со настанот „Широк Сокак во бело“ кога десетина кафе-барови заедно со тројца локални ди-џеи долж најпознатата битолска улица ќе понудат загревање пред големата забава.

Дејвид Моралес е еден од најпознатите хаус диџеи во светот и вистински предводник на денс музиката. Неговиот успех го потврдуваат бројните награди како и неколкуте Гремија. Доста е познат и како продуцент. Роден е во Бруклин, Њујорк и е еден од најдобрите ремикс мајстори на сите времиња.

До денес, Дејвид Моралес, направил ремиксови и произведил над 500 изданија за уметници, музичари, вклучувајќи ги Мараја Кери, Бритни Спиарс, Мајкл Џексон, Џенет Џексон, Ерик Клептон, Pet Shop Boys, U2, Витни Хјустон. Во 1998 година Моралес беше добитник на Греми Номинација за ремиксер на годината, номиниран за истата награда во 1997. Од првиот ремикс на Мараја Кери “Dreamlover” во 1993 година тој стана еден од ремиксерите на поп дивата, а во 1996 година ја доби Греми наградата, номиниран за продуцент на годината на албумот на Мараја Кери за песната Фантазија.

Беше сопственик на легендарниот Стерео клуб во Монтреал, и сопственик е на продукцијата Def Mix. Toj дебитираше со своја соло продукција во 1993 година со Меркјури рекордс David Morales & The Bad Yard Club со албумот „Програмата“.

Во 2005 го издава вториот хаус албум со прогресивни звуци “Two Worlds Collide” од каде излезе планетарниот хит How Would You Feel. David Morales е легенда која 25 години го прелетува светот со својот уникатен њујоршки house звук.

You May Also Like