Крајот возбудлив како и целиот Бит Фест

Денеска (понеделник, 27 август, 2012 година) е последниот ден од Бит Фест 2012. Крајот на фестивалот ќе биде во знакот на: вториот ден од „Семакедонската венчавка“, две изложби, настапот на светски познатиот ди-џеј Дејвид Моралес и манифестацијата „Широк Сокак во бело“.

Последната вечер од најдолгото и најсодржајно културно лето БИТ ФЕСТ 2012 ќе започне со изложбата на фотографии на Ема Ќука насловена „Трепети на душата,“ а ќе биде отворена во 20:00 часот во КЦ Магаза.

Во 20:30 во дворот на КЦ Магаза низ изложбата на Сашо Ристевски насловена „Бит Фест 2012“ ќе значи можност за визуелна прошетка низ настаните на годинашното издание на фестивалот.

Од 21:00 часот на Широк Сокак започнува манифестацијата „Широк Сокак во бело“. Десетте кафе-барови долж познатата улица, унифицирани под белата боја ќе ја надополнат вечерта со загревање пред големата забава со светскиот hause ди-џеј – Дејвид Моралес.

You May Also Like