Позитивниот книжевен осврт од истакнатиот литературен критичар Божидар Алајбеговиќ, кон минатогодишната хрватска објава на наградениот македонски роман „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли објави реномираното хрватско „Списание за книгата“ кое се појавува во Загреб.- Хрватскиот критичар пишува дека книгата на Османли е “сложен, постмодернистички и убедлив роман“…
Под насловот „Живот на размеѓа од столетијата“ најновиот број на хрватското списание „Тема“ посветено на литературата ја донесува рецензија кон хрватска објава на македонски роман „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли. Автор на опсежиот и изразито позитивно интониран текст е истакнатиот хрватски книжевен критичар Божидар Алајбеговиќ.
Ова е нова, печатена објава на претходно радиски емитуваната рецензија од истиот критичар која во април минататa година беше емитувана како прв прилог во подеднакво реномираната емисија „Библиовизор“ на Третата програма на Храватското радио.
На почетокот од својата опсежна анализа Алајбеговиќ потенцира дека објавата на романот на Османли е само петтиот по ред македонски роман објавен во Хрватска во последниве 15 години, по што прави детален фабуларен осврт кон романот „Дваесет и првиот“ претставувајќи ја и сложената галерија ликови на македонскиот роман кон беше прогласен за Роман на годината во 2010, а во септемви минатата година се појави во превод на хрватски јазик во издание на загрепското книгоиздателство „Сандорф“.
При тоа авторот на критичкиот текст ги фокусира нивоата на поимот транзиција којшто, според него, во романот на Томислав Османли добива поголем број, не само економски и политички, ами и богати книжевни значења, до оние историски, фантасмагориски, дури и сомнабулни врски меѓу минатото и сегашноста. Станува збор за роман на општествена критика и на универзален поглед, без оглед на македонските референци со кои изобилува романот „Дваесет и првиот“, истакнува Алајбеговиќ. Тој натаму подвлекува дека – со комбинирање на различни стилски фигури и дискурси и со продири на фантастика во реалноста и на минатото во сегашноста – Томислав Османли создава сложен, постмодернистички и убедлив роман за хаотичноста на животот на преминот од милениумите.
Според хрватскиот книжевен критичар станува збор за еден вешто структуриран, богат и слоевит ракопис во кој авторот бројните ракавци на приказната, ги води суверено и на тој начин го гради дејството на својата книга. Иако во нијансите на овој роман повеќе ќе ужива македонскиот читател, ќе наспомне критичарот Божидар Алајбеговиќ, и хрватскиот реципиент никако не би требало да го пропушти романот на Томислав Османли, заклучува литераурниот критичар во својот текст објавен во списанието „Тема“.
Инаку, ова е нова, печатена објава на претходно радиски емитуваната рецензија од истиот критичар која во април минатат година беше емитувана како прв прилог во подеднакво реномираната емисија „Библиовизор“ на Третата програма на Храватското радио. Истиот китичар во една своја листа на книги за прочит, објавен летово на хрватскиот портал „Модерна времена“, правејќи селекција од 11 наслови меѓу многубројните книги објавени во Хрватска, на петто место во својата препорака за прочит го стави романот на нашиот автор. Критичарот Божидар Алајбеговиќ, заедно со Ј.Погачник и Т.Бутучи е третиот хрватски книжевен критичар, а неговиот текст во списанието „Тема“ четвртата објава во која изразито позитивно се проследува појавата на наградениот роман на Томислав Османли во хрватскиот книжевен простор.