Инсталацијата “Тротоар” на дизајнерот Натали Ристовска е обележување кое што беше изведено овој викенд пред основните училишта Коцо Рацин и Коле Неделковски во Скопје.
Овие обелезувања се дел од акупунктурните урбани интервенции во центарот на Скопје, кои се во реализација на организацијата Јавна Соба од Скопје, како дел од европскиот проект Цитѕ Ацупунцтуре, а поддрзани од Европската Унија, Опстина Центар И Министерството за Култура на Република МакедонијПодигањето на свеста кај граѓаните во однос на безбедноста на учениците пред училишните дворови, совесно управување со возилата и прописно паркирање, се целта на новите обележувања кој овој викенд се изведоа пред основните училишта Кочо Рацин и Коле Неделковски во Скопје.
Во реализација на организацијата Јавна Соба, како дел од акупунктурните урбани интервенции во центарот на Скопје кои се изведуваат во 2013 и 2014 година, дизајнерката Натали Ристовска предложи две инсталации кои имат за цел да влијаат на свеста на возачите на автомобили во однос на безбедноста на децата од основните училишта.
Дизајнот на двете инсталации се чист производ на креативноста на авторот која во немоќ да интервенира на самите пешачки премини поради правилникот за сообраќајна сигнализација го префрла маркирањато на тротоарите пред основните училишта. Со тоа тротоарите стануваат привлечни за децата, а во
исто време се доволно маркантни да сигнализираат дека на тие локации има проток на деца. Интензитетот на сообраќајот на улиците Мајка Тереза и Радњанска и брзината со која се управуваат моторните возила е
причината за поставување на инсталациите „Тротоар“ на овие две локации.
Со овој тип на добро осмислени и прецизно изведени инсталации се зголемува и свеста кај сите граѓани на Скопје во поглед на потребата од интервенирање во најблиската околина. Инсталациите „Тротоар “ се дел од европскиот проект „Акупунктура на Градот” во реализација на Јавна Соба и се поддржани од Европска комисија, Министерство за Култура и Општина Центар.