Битола го одбележува денот на независноста

После фестивалот на народни песни и игри ,,Илинденски денови” посветен на јубилејот ,,20 години независна Македонија” , кој се одржа од 29 јули 2011 до 1 август 2011 година, во рамките на БИТ ФЕСТ, Општина Битола и во месецот на државноста продолжува со активности.

7 септември 2011 (среда) Активностите започнуваат во 9:45 часот, со дефиле на ученици од основните училишта по Широк Сокак, кои потоа доаѓаат на плоштадот Магнолија каде што продолжува останатата програма.

Учениците од ликовната секција на Основното училиште ,,Стив Наумов” на плоштадот Магнолија и во дворот на битолската Магаза ќе творат на тема ,,20 години независна Македонија”.

Додека нивните ликовни активности траат во 10:00 часот започнува детската програма со настап на детскиот хор ,,Ѕвончиња”, по што децата од Детската градинка Естреја Овадија Мара ќе изведат приредба по повод денот на независноста.  После нивниот настап децата од музичкиот фестивал „Тра ла ла“ ќе настапат со свои песни.

Во дворот на битолската магаза во 12:00 часот ќе биде отворена изложба на детски ликовни творби на тема ,,20 години независна Македонија”.

На 8 септември 2011 (четврток) во 11:00 часот на Плоштадот Магнолија започнува Семакедонската венчавка во организација на семакедонско научно друштво и центар за етнологија и фолклор „Етно – Илинден“ – Битола

Накитениот пајтон, во кој се качени   четири момчиња, со шишиња ракија, придружен од тапани и зурла   тргнува по Широк Сокак. Со тоа  го означува почетокот на манифестацијата  воедно симболизирајки го канењето на сватовите на свадбата. Пајтонот оди до крајот на Широк Сокак и се враќа до плоштадот  Магнолија, каде музиката засвирува едно традиционално свадбарско оро.

Петок , 9 септември   2011     19:00 часот   Плоштад  Магнолија

Група млади девојки, на мало плато, пеејќи свадбарски песни ги плетат венците за младите. Најстарата меѓу нив ја замесува свадбената погача  „Сваќа“. Цело време се придружени од играорна група  која сликовито го прикажува ритуалот на плетењето на венците.

Сабота 10 септември 2011  9:00 часот, Плоштад  Магнолија

Состанок на младите , се китат и   невестите се упатуват кон Домот на културата, каде во предворјето  ги дочекува музика.Таму се одвива таканаречената  моминска свадба.

Во меѓувреме,   деверот и свекорот, во накитениот пајтон, придружени од музичарите одат кон зградата на Општината каде се наоѓа  кумот.

Зграда на Општина Битола   во  9:30  часот

На   влезот од зградата на Општината, ансамбл од староградски песни со песна ги дочекува деверот   и свекорот.   Свекорот  и деверот го канат кумот  и  сите заедно, придружени од музичарите, дел од граѓаните  како сватови  се упатуваат  кон плоштадот Магнолија.
Плоштад  Магнолија    во 10:00 часот

Свадбената поворка се враќа на плоштадот каде играорна група ќе развие свадбарско оро.

Со самото играње на орото се прави простор  за бричење  на зетот. Тоа е традиционално бричење  и ќе биде извршено од страна на кумот на најмладиот зет. За тоа време музичарите свират свадбарски песни, се игра  оро.

Широк сокак    во  10:30 часот

По завршувањето на сцената со бричење, кумот, деверот и свекорот, со зетовите, придружени со музичарите, играорни групи  и граѓаните се упатуват по Широк сокак до Домот на културата, по невестите.  На две три места, групи на пејачи ќе исполнуваат свадбарски песни.

Пред Домот на културата се  изигруваат  неколку ора и потоа  се формира свадбената поворка, која се враќа назад пред Магнолија.

Плоштад Магнолија     во 11:00 часот

Се изигруват неколку ора, почнувајќи со невестинското оро. Музиката со своето свирење   ја формира полека свадбената поворка  и тргнува кон  црквата  Свети  Димитрија.

Напред  е кумот  и деверот,   а зад нив двојките   заедно   со   сватовите.
Црква   „Свети Димитрија“     во  12:00  часот

Кумот,  деверот  и свекорот   се упатуват кон црквата  а тука ги пречекуват свештените лица.  Сите двојки влегуват во црквата  се редат   во полукруг,свртени кон олтарот. Свештеното лице задолжено да ја води церемонијата   ги поздравува со пригоден говор   сите учесници   и присутни.  Започнува церемонијата на   венчавањето.

Плоштад Магнолија,   13:00  часот

По завршувањето  на церемонијата на венчавањето сите двојки се упатуваат на плоштадот  каде најмладата невеста ќе фрла јаболко преку куќа,  ќе го дарува кумот, а кумот ќе ги дарува сите двојки.
Кафеана  во  13:30 часот

Сите двојки со придружба  на музика се упатуват во кафеана, каде   е организиран  коктел  за  учесниците.

Петок, сабота, недела – Аеромитинг (традиционално – 4 та година по ред) – свечено отворање од министерот за одбрана  Фатмир Бесими – сабота 10.09.2011

Аеромитинг Прв ден Петок 09.09 – неофицијален. Ке се претстават моделарските секции од Македонија и соседните земји и ќе се разделат по секции како што се макетарство, радио командувани модели, слободно летечки модели, ракетната секција…

Ден 2 , Сабота 10 септември 2011 година

Официјален ден на Аеро митингот и воздушната трка.

Аеромитингот официјално ќе започне со падобрански скокови од Хеликоптер, Првиот падобранец скока со Македонското знаме.

Аеромитингот предвидено е да го отвори министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Ден 3 , Недела 11 септември 2011 година

Претстава на авионите од генерална авијација во сопственост на Аеро клубовите, панорамски летови со Цесна 172,

Забава, музика, храна и пијалоци …

www.formula-aerobaticrace.com

www.tomo-airshow.com

http://www.mambo.si/video/179519-airshow-sentvid

10.09.2011 сабота Промоција на првиот видео спот на Македонскиот идол Виктор Апостоловски за песната ,,You were mine” поддржан од Градоначалник на Општина Битола Владимир Талески – Магаза, 22:00 часот

You May Also Like