Забави со Drop series во Капан Ан

Утре (петок, 18 април) се случува седумнаесетото по ред издание во втората сезона настани организирани од скопската промотерска организација Drop Series.

Print

Капан АН е местото каде секој втор петок во месецот се одржуваат забави на кои настапуваат резидентите на оваа организација, како и многу домашни и странски гости.

На 18ти април, на овој подиум во Скопската чаршија со свои сетови ќе се претстават скопските диџеи Видиновски, Виктор Апостолски и Бојан Ивановски.

За визуелниот дел ќе бидат одговорни Lazy Kidz, а настанот почнува точно на полноќ.

You May Also Like