Во МАНУ се организира промоција на зборник и научна дискусија за соработка меѓу МАНУ и научното друштво „Лајбниц“ од Берлин, во следните два дена (15–16 април 2013 година).
.Денес (понеделник, 15 април 2013 година) во 12:00 часот, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), ќе се одржи Промоција на зборникот од научниот собир „Науката и уметноста“. Промоцијата ќе ја отвори акад. Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, а промотори акад. Момир Поленаковиќ, Проф. д-р Петер Рау и проф. д-р Ханс Ото Дил.
Денес (понеделник, 15 април) исто така, проф. д-р Дитер Херман, поранешен претседател на Научното друштво „Лајбниц“ од Берлин ќе одржи предавање на тема: „Астрономите како цртачи и сликари“.
Утре (вторник, 16 април) од 10:00 до 13:00 часот ќе се одржи Научна дискусија за досегашната и идната соработка меѓу МАНУ и Научното друштво „Лајбниц“ од Берлин, како и меѓу академските заедници на Рапублика Македонија и на Сојузна Република Германија.