Поетот Ресул Шабани ја доби наградата „Дијалог меѓу културите” за 2012 година што ја доделува Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог” од Скопје.
Ресул Шабани е награден за поетската книга „Подарен сон” (Enderr e falur) објавена на македонски и на албански јазик. Одлуката ја донесе жири во состав: академик Матеја Матевски (претседател), Наташа Аврамовска и Веле Смилевски.
—————————-
Ресул Шабани (1944) е поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Неговите дела се преведувани на македонски јазик и на повеќе други јазици во светот. За својот богат и разновиден опус е добитник на низа награди, меѓу кои и на „Книжевно жезло” на Друштвото на писателите на Македонија.
Преведува на македонски од албански и од македонски на албански јазик, давајќи значаен придонес во меѓусебното зближување и запознавање на творештвото на писателите кои создаваат на двата јазика.