Етно денови во Гази Баба

Општина Гази Баба во соработка со Организација на жени Гази Баба по втор пат ја организираат манифестација „Етно денови на Гази Баба“.

makedonski_vez(copy)

Етно базарот ќе се одржи на 19 јули 2014 (сабота) од 10:00 – 19:00 часот на плоштадот во н. Автокоманда.

Сите заинтересирани кои се занимаваат со изработка на етно ракотворби (накит, украси, предмети, плетива, народни носии, везови и др.) се покануваат да се пријават за учество на тел. 076/942-010 (Ленче) и 075/797-921 или на шалтерот на општина Гази Баба, најдоцна до 16.07.2014 год. Штандовите се бесплатни.

You May Also Like