Деновиве, во престижната поетска едиција „Бореа“, Блесок од Скопје во печатен и електронски формат ја објави книгата поезија од Д.А. Лори, „Будење во трето лице еднина“. Објавата на печатеното издание ја поддржа Министерството за култура.
„Будење во трето лице еднина“ од Д.А. Лори е збирка поезија во која на еден лиричен и по малку луциден начин авторката ја отсликува својата внатрешност, чувствата, мислите и мистичното. Оваа книга е еден вид јавување од местото на сонувањето, каде сликите и чувствата се остатоци од една реалност која читателот лесно ја препознава и во која лесно се пронаоѓа. Песните се напишани со гласен шепот од мисли и емоции, кои за да се слушнат е потребно срцето да биде „сетило за слух“.