„Платно“ од Бенjамин Штаjн, во издание на Блесок

Неодамна, во едициjата современ роман/своерачно, Блесок го обjави романот „Платно“ на Бенjамин Штаjн, во превод од германски на Елизабета Линднер. Преводот на македонски е првиот превод на овоj роман, додека англискиот превод ќе следува во 2012 година, а потоа и преводи на други jазици.

 

За книгата:

…Романот има две лица (без опачина, токму така: двосмислено во секоjа смисла) затоа што содржи две приказни, онаа на Амнон Зихрони и онаа на Jан Векслер, кои се сретнуваат на средина на книгата. Можете индивидуално да одлучите како ке го читате: да почнете со едната приказна, да се префрлите на другата, па повторно да се вратите назад… или да одите до краj на едната, па после да jа читате другата.

Романот на особен начин се занимава со човековиот идентитет, со помненьето и потеклото, притоа нуди особено опширни информации за евреjската религиjа, мистика и култура, како и за религиозното секоjдневие на Евреите…

Амнон Зихрони е роден во Ерусалим, во строга верска околиjа, и има дарба да ги гледа секаваньата на другите луге. После долгогодишното образование во Шваjцариjа и САД работи како психоаналитичар, а потоа се врака во Израел.

Jан Векслер е писател и сопственик на литературна издавачка кука, живее во Минхен. Не може да се ослони на своето помненье и со сигурност да знае коj е и од каде е. Врската мегу нив дваjцата е Мински, коj како дете го преживеал холокаустот и коj пишува книга за своите секаваньа на тоа време (дали е тоа воопшто возможно?).

Бенjамин Штаjн е роден 1970 година во (Источен) Берлин. “Платно” е негов втор роман.

Книгата е обjавена со поддршка на ТРАДУКИ, мрежа за книжевност во коjа членуваат Министерството за европски и мегународни работи на Република Австриjа, Министерството за надворешни работи на Федеративна Република Германиjа, Фондациjата за култура Про Хелвециjа од Шваjцариjа, КултурКонтакт од Австриjа, Гете институт, Словенечката агенциjа за книга, Хрватското министерство за култура и Фондациjата С. Фишер.

You May Also Like