Есма Реџепова и Влатко Лозановски – Лозано ќе ја претставуваат Македонија на изборот за песна на Евровизија 2013 година во Шведска – јавува МРТ.
Македонската Радио Телевизија како полноправна членка на Европската радиодифузна унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 58-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за пенса на Евровизија“ кој ќе се одржи од 14-18 мај 2013, во Малме, Шведска.
Честа им припадна на две реномирани имиња од македонската музичка сцена – Кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и нашата поп ѕвезда Влатко Лозановски-Лозано. Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност .
Македонската Радио Телевизија смета дека овој тандем, во комбинација со совршената композиција која треба да ја добиеме по пат на нарачка од неколкумина етаблирани македонски композитори, како и интерениот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ кој веруваме дека ќе вроди со плод.
Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме, ќе биде кон крајот на февруари 2013 во стуиото 3 на Македонската телевизија.