Енергетска ефикасност за училиштето „Наум Наумовски Борче“ во Крушево

Денеска (10 октомври 2014, петок) во 12:00 часот, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со општина Крушево ќе го прослави завршетокот на реновирањето на средното училиште Наум Наумовски Борче во Крушево – поставување на алумуниумски прозори со цел постигнување енергетска ефикасност преку заштеда на топлинска енергија.

 

krusevo panorama

Процесот на реновирање, финансиски поддржан од страна на владата на Соединетите Американски Држави преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ), ја покажа моќта на заедничката работа преку ангажирање на сите членови на заедницата во процесот. Фондовите беа овозможени преку учеството на училиштето во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Мајор Џефри Ван Сикл, Шеф на канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД, Градоначалникoт на општина Крушево, Ѓорѓи Дамчески и директорката на училиштето Наум Наумовски – Борче, Фаница Николоска се очекува да одржат говор и ја пресечат лентата.

Училиштата кои работат со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието имаат можност да аплицираат за средства за реновирање достапни од Европската команда на Американската војска. До сега, ПМИО помогнана 35 заедници во нивните напори да се подобрат училишните објекти, овозможувајќи им достапност на ученици со посебни потреби, заложувајќи се да помогне на уште 13 во следната година. ПМИО е четири годишна инцијатива вредна 5.2 милиони долари која ќе соработува со сите релевантни образовни институции поддржувајќи ги напорите на Владата на Република на Македонија во процесот на етничко интегрирање.

You May Also Like