Фимовите од „Џифони“ ќе се прикажуваат во Скопје и Битола

Од утре, 10 октомври во кината Синеплекс, Милениум и Центарот за култура Битола ќе започнат да се прикажуваат филмови кои се дел од програмата на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

giffoni_macedonia

 

Во Центарот за култура Битола на 10 октомври со почеток од 20 часот ќе се прикаже филмот „Beneath the harvest sky“, на 11 октомври со почеток од 20 часот ќе се прикаже филмот „Skating to New York“ и на 12 октомври со почеток од 20 часот ќе се прикаже филмот „The Excursionist“.

Во киното Синеплекс – Скопје на 11 октомври со почеток од 12 часот проекција ќе има филмот „The Finishers“, а во 14 часот ќе се прикаже филмот „Jack and the cuckoo-clock heart“. На 12 октомви со почеток од 12 часот ќе се прикаже „Casa grande, or the ballad of poor Jean“ и во 14:30 чаот ќе може да го проследите филмот „Exit Marrakech“.

Во кино Милениум – Скопје првата проекција е на 11 октомви со почеток од 16:00 часот со филмот „Behavior“ и потоа во 18:00 часот ќе се прикаже филмот „Mateo“.

You May Also Like