Утре (02 декември, 2012 година, недела) на сцената на МОБ со почеток во 12.00 часот ќе се изведе детската балетска претстава „Доктор Офболи“.
Музика на Игор Морозов, кореографија на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Живојин Трајановиќ и костимографија на Марија Пупучевска.
Во улогата на доктор Офболи ќе настапи Киро Павлов, Варвара – Цветанка Стојановска, Капитан – Игор Веланоски, Ане – Андријана Јаневска и во улогата на Ване – Марина Георгиевска.
Детска приказна во која главна улога е доктор Офболи кој се грижи за здравјето на животните со неговите помошници Ане и Ване.